Брегу: Секој трет млад човек на Западен Балкан сака да ја напушти земјата-треба да им дадеме причина да останат

мајлинда брегу
Форум млади на ЕУ и Западен Балкан, Фото: РСС

„Младите луѓе заминуваат од регионот и тоа веќе не е ударна вест во медиумите. Еден од тројца млади луѓе на возраст од 18 до 24 години од Западен Балкан ја потврдува подготвеноста да ја напушти татковината“ – изјави генералната секретарка на Советот за регионална соработка (РСС) Мајлинда Брегу, зборувајќи на Форумот на младите од Европската Унија и Западен Балкан што се одржа во Италија.

„Треба да ја разбереме нивната порака, а таа е дека изборот на дестинацијата покажува што им недостига во нивното општество, треба да посматраме, слушаме и најважно да дејствуваме и да им дадеме причина на младите да останат“, изјави Брегу.

Таа додаде дека „Европа не се границите, географијата, ниту е ДНК запишано кој е Европјанин. Она во што веруваме и за што се бориме, тоа не чини Европјани“.

На Форумот млади на ЕУ и Западен Балкан се собраа 88 млади луѓе и ментори од сите 27 земји членки на ЕУ и од 6-те држави на Западен Балкан, во организација на Министерството за надворешни работи на Италија, во партнерство со РСС. Заклучоците од Форумот ќе се достават до „Конференцијата за иднината на Европа“ што ја покрена ЕУ во текот на 2021 и како активност за 2022 година, соопшти РСС.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот