Брегалница потпиша договор за трансфер на Маневски во Шкендија

маневски
Михаил Маневски донесе одлука да го облече дресот на Шкендија/Фото: fkbregalnica.mk

Фудбалскиот клуб Брегалница официјално потпиша договор за трансфер на левокрилниот дефанзивец Михаил Маневски во редовите на тетовска Шкендија.

Трансферот се реализира исклучиво по желба на фудбалерот, и покрај отворената интенција на ФК Брегалница да го задржи до крајот на сезоната.

– Исклучиво по желба и голема иницијатива на играчот ние се согласивме за трансфер во Шкендија на Михаил Маневски, кој беше еден од носителите на играта на „сините“ имајќи изминативе години целосна поддршка од сопственикот Кирил Гогов па сè до стручниот штаб. Ние како клуб не сакавме да се ослободиме од неговите услуги, но пресудна беше желбата на фудбалерот да направи промена на средината мислејќи дека на тој начин ќе напредува во кариерата – вели спортскиот директор на Брегалница, Никола Тонев.

За овој трансфер Брегалница добива трансферна отштета согласно прописите на клубот и заштита на своите интереси.

– Секако ние како клуб ги штитиме своите интереси, па ФК Брегалница добива соодветна трансферна отштета за реализацијата на оваа преселба. На Михаил Маневски му се заблагодаруваме за досегашниот придонес во клубот, посакувајќи му уште долга и успешна кариера – истакнува Тонев.

Играчите на Брегалница официјалниот старт на зимските подготовки во пресрет на пролетниот дел од шампионатот ќе го означат официјално во среда, 5 јануари за кога шефот на стручниот штаб Марјан Секуловски го закажа првиот собир.

Во тимот ќе бидат и Љупче Кудев и Анџело Николовски кои се враќаат од позајмица од редовите на ФК Кит Го. Воедно на подготовките ќе се приклучат и фудбалерите на Кит Го, Кире Трпчевски, Давид Бошевски и Зоран Андонов, а од нив зависи како ќе се докажат и дали ќе обезбедат место за настап во составот на Брегалница.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот