Бразилски град стекнал колективен имунитет, научниците се уверени во тоа (ФОТО)

epaselect epa08380977 People attend a funeral at a mass grave at the Nossa Senhora Aparecida cemetery in Manaus, Brazil, 23 April 2020. The new section of the cemetery was opened amid a sharp rise in COVID-19 victims. EPA-EFE/RAPHAEL ALVES ATTENTION: This Image is part of a PHOTO SET

Бразискиот град Манаус, кој беше силно погоден од пандемијата од коронавирус, можеби имал толку многу заразени што неговите жители развиле „колективен имунитет“ се наведува во прелиминарната студија.

Во текот на јули вирусот толку брзо се проширил низ Манаус, најголемиот град во Амазонија, а извештаите од преполните болници драматични, а вкупниот број пет пати се зголеми во однос на минатата година. Но набрзо следуваше рапиден и необјаснив раст на бројот на заразени и умрени.

Група од дваесетина научници од Бразил и Велика Британија сега тврди дека открила зошто – вирусот останал без домаќини.

10-годишно заразено дете спасено со воздушна поддршка/ Манаус, Бразил/ Фото: EPA-EFE/RAPHAEL ALVES

Во студијата која се уште не помина рецензија на останатите научници, групата која ја водеше Естер Сабино од Институтот за тропска медицина при Универзитетот Сао Паоло ги анализирала примероците од градската банка на крв и ги тестирала на антитела на коронавирус. Според нивната проценка, во март од коронавирус биле заразени меѓу 44 и 66 отсто од жителите на Манаус.

Тоа би можело да биде доволно во градот со 1,8 милиони жители да се создаде имунитет на стадо.

Преполна болница со пациенти од ковид-19/ Манаус, Бразил 20 Мај 2020/ Фото: EPA-EFE/RAPHAEL ALVES

Необично високата стапка на инфекции упатува на тоа дека колективниот имунитет имал значајна улога во подоцнежната фаза од епидемијата, напишаа научниците во студијата која е објавена на порталот medRxiv.

„Сите показатели укажуваат на тоа дека таквата голема изложеност на вирусот го намалила бројот на нови случаи на зараза како и смртноста во Манаус“, изјави Сабино, професорка по медицина на Универзитетот Сао Паоло која ја координирала студијата.

Манаус во пикот на заразата во мај беше упориште на преплавени болници, ископување на масовни гробници и тела кои се трупаа во мртовечниците.

Тогаш дневно умираа по околу 80 луѓе. Тој просек драматично падна во последните недели, на 3,5 смртни случаи дневно.

Но експертите истакнуваат дека обидот за создавање на колективен имунитет е опасен пат.

Илјадници починати во Манаус од последиците на ковид-19/ Фото: EPA-EFE/RAPHAEL ALVES

„Заедничкиот имунитет по пат на природна инфекција не е стратегија. Тоа е знак дека владата не успеала да ја контролира заразата и дека го платила тоа со губење на голем број животи“, коментираше Флориан Крамер, професор по микробиологија на Универзитетот Маунт Синај во Њујорк.

Други експерти предупредуваат дека имунитет на стадо би можел да биде со краток век.

Се истражува дали овој бразилски град навистина стекнал имунитет на стадо/ Манаус, Бразил 2 јуни 2020/ Фото: EPA-EFE/RAPHAEL ALVES

Во Манаус 2.462 лица починаа од ковид-19. Да беше држава, ќе имаше втора највисока стапка на морталитет во светот со 100,7 смртни случаи на 100.000 жители.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот