Бразил пред колапс: Заразени сè повеќе лица, а сè помалку болнички кревети!

Фото: Профимедиа

Министерството за здравство во Бразил извести дека во изминатите 24 часа се забележани 7.938 нови случаи со коронавирус во оваа земја.

Здравствениот систем на најголемиот бразилски град Сао Паоло наскоро би можел да доживее колапс поради побарувачката за итни болнички кревети за лицата заразени со коронавирус.

Бразил вчера стана четврта земја во светот по бројот на заразени од Ковид-19. Во оваа земја има повеќе заразени отколку во италија и Шпанија, европските епицентри за ширење на вирусот, пишува „Би-Би-Си“.

Градоначалникот на Сао Паоло, Бруно Ковас, рече дека градските јавни болници достигнале потполнетост од 90 отсто, односно дека во текот на наредните две недели би можеле да останат без кревети.

Сао Паоло е еден од најтешко погодените региони во земјата, каде досега починаа речиси 3.000 луѓе, како последица од Ковид-19.

Министерството за здравство во Бразил извести дека во изминатите 24 часа се забележани 7.938 нови случаи со коронавирус во оваа земја, со што вкупниот број на заразени се зголеми на 241.000 лица.

Само во САД, Русија и Велика Британија бројот на заразени со Ковид-19 е поголем отколку во Бразил, каде досега има 16.118 починати.

Сепак, здравствените експерти во Бразил предупредија дека реалната бројка на потврдени инфекции во земјата е многу поголема од официјалните податоци поради недостаток на тестирање.

Градоначалникот Ковас рече дека преговара со гувернерите за воведување на построги блокади, во обид да се забави ширењето на заразата пред болниците да бидат преплавени од новозаразени со Ковид-19.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот