Бразил ја надигра Хрватска на стартот од женскиот ракометен Мундијал

Ракометарките на Хрватска со пораз го започнаа настапот на Мундијалот кој се игра во Шпанија/ фото: EPA-EFE/BO AMSTRUP

Селекцијата на Хрватска која на последното Европско првенство го освои бронзениот медал, со пораз ги започна настапите на ракометниот Мундија кој се игра во Шпанија. Подобри од „коцкестите“ беа ракометарките на Бразил кои славеа со 30:25 (18:12).

Најдобри кај Бразил беа Бруна де Паула со седум, Ана Паула Бело и Лариса Арухо кои дадоа по четир гола, додека кај Хрватска се истакнаа Валентина Блажевиќ со седум, Камила Мицијевиќ со ест и Андреа Симара со четири постигнати голови.

Резултатска неизвесност беше присутна во првите 20-тина минути од првото полувреме кога Хрватките има негатива од два гола (12:10), но потоа следеше серија на „кариоките“ од 6:2 по што на одмор заминаа со предност од 18:12. Во второто полувреме, Бразилките рутински ја одржуваа предноста и на крајот славеа со 30:25.

Ракометниот Мундијал го отворија Шпанија и Аргентина, а организаторот славеше со убедливи 29:13. И во останатите натпревари, фаворитите немаа никакви проблеми, Австрија со 38:27 ја совлада Кина, Германија ја победи Чешка со 31:21, а Јужна Кореја со 37:23 ја совлада Гана.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот