БРАВО: Нуров и донесе златен медал на Македонија на Медитеранските игри

фото: МОК

Македонија го освои првиот златен медал на Медитеранските игри што се одржуваат во Оран, Алжир, благодарение на борачот Магомедџгаџи Нуров.

Нуров во финалето во категоријата до 97 килограми го совлада Фејзула Актурк од Турција со 4:3 и тоа со одлично борење во финишот.

фото: МОК

Турскиот борач на почетокот поведе од 0:3, но Нуров во продолжение успеа на два пати да освои по два поени за своите зафати и да направи пресврт за победа од 4:3 и за златен медал.

фото: МОК

Победата ја обезбеди во последните секунди од борбата и на Македонија, кога со одличен зафат освои два поени ѝ и го донесе вториот медал на Медитеранските игри, но прв златен а двата медали ги донесоа борачи.

Претходно, Владимир Егоров освои бронзен медал откако во репасажот со 7:2 го победи домашниот борач Кербаче.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот