Браќата Тејт обвинети за силување и други кривични дела во Велика Британија
Контроверзниот инфлуенсер Ендру Тејт и неговиот брат Тристан, кои имаат американско и британско државјанство, се обвинети за силување и други кривични дела во Велика Британија. Ендру Тејт се соочува со десет обвиненија, вклучувајќи силување, нанесување телесни повреди, трговија со луѓе и експлоатација на проституција за профит, во врска со три жени, објави Скај њуз.
Препорачано
-
1
-
2
-
3
Неговиот брат Тристан се соочува со 11 обвиненија поврзани со една жена, вклучувајќи силување, напад и трговија со луѓе.
Во 2024 година беше издадена европска потерница по браќата Тејт, и како резултат на тоа, романските судови наредија екстрадиција на Ендру и Тристан во Обединетото Кралство.
BREAKING: Andrew Tate and his brother Tristan charged with rape in the UK.
Read more🔗https://t.co/HD3s2PFEcc
— Sky News (@SkyNews) May 28, 2025
На браќата Тејт во февруари годинава им беше дозволено да ја напуштат Романија и да се вратат во САД, иако против нив се водеше истрага за редица кривични дела. Медиумите пишуваа дека администрацијата на тогаш новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп, кој и јавно ги поддржуваше контроверзните браќа, извршила силен притисок врз романските власти за нивно ослободување.


