Божиновски: Нијанси ќе решаваат во дуелот со молдавскиот Петрокуб

Фото: ФФМ

Фудбалскиот второлигаш Силекс во четврток на ФФМ Тренинг центарот во Скопје против Петрокуб од Молдавија од 16.00 часот ќе го игра првиот натпревар од 1. квалификациско коло на Конференциската лига.

Како освојувач на Купот на Македонија клубот од Кратово успеа да обезбеди настап на меѓународната сцена, а тренерот на екипата Горазд Михаилов вели дека Европа е предизвик за неговите играчи.

– Посакуваме што подолго европско лето, за ривал го имаме Петрокуб кој е квалитетен. Оваа екипа четири години игра во ист состав, сега со неколку нови играчи. Тим кој е сериозен конкурент на Шериф во молдавскиот шампионат за титулата. Противникот ја има фаворитската улога, но од наша страна нема така лесно да се предадеме во овој двомеч. Ова е натпревар во кој фудбалерите ќе уживаат и се надевам ќе го покажат својот квалитет на теренот – вели Михаилов кој додаде дека посакува следната година со тимот да се врати во Првата лига.

Голманот на Силелс, Даниел Божиновски:

– Ова е натпревар во кој нијанси ќе решаваат, некој прекин или индивидуална грешка. Верувам дека сме подготвени за овој предизвик, за разлика од минатата година, сега ќе имаме и реванш меч, наше е да бидеме концентрирани, мирни и се надеваме на поволен резултат во првите 90 минути – рече Божиновски.

Лани Силекс во првото квалификациско коло од Лигата на шампионите загуби од Карабах (Азербејџан) со 4:0, а потоа и во квалификациите на Лига Европа од косовската Дрита (0:2).

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот