Божиќно чудо: Фудбалер по четири месеци се разбуди од кома и празниците ќе ги помине со семејството

Дени Хоџсон по четири месеци се разбуди од кома/твитер/A-League Brasil

Австралиските медиуми како божиќно чудо ја пренесоа веста за Дени Хоџсон кој по четири месеци се разбуди од кома и доби дозвола празниците да ги помине со семејството.
– Доаѓањето дома на Дени е совршен подарок, најдобар кој можевме да го добиеме. Тоа е доказ дека на Божик се случуваат чуда – изјавија членовите на неговото семејство за австралиските медиуми.

Англискиот фудбалер кој настапува за Перт, пред пет месеци беше нападнат во овој австралиски град.
Момчето кое на 5 септември пред железничката станица во Перт, го нападна 26-годишниот фудбалер, го призна делото, но неговиот идентитет не е објавен бидејќи е малолетен.
По ударот кој го добил, Хоџсон со главата удрил во бетон по што добил внатршно крварење во мозокот.


Несреќниот фудбалер веднаш е пренесен во болница и е ставен во вештачка кома, а токму пред Боќик се разбудил и добил дозвола празниците да ги помине со семејството.
Членовите на семејството се потсетија и на тешкиот момент кога беше нападнат фудбалерот.

– Дени беше жртва на насилство, тој беше нападнат без никаква причина. Од тој момент, се променија нашите животи. Секој момент во изминатите 17 недела беше неизвесен за нас, но знаевме дека е борец и дека ова патуваме ќе го поминеме заедно.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот