Божиќен скок на поларна мечка во долна облека: Актерот Џејми Дорнан им го честиташе Божиќ на своите следбеници
И Џејми Дорнан се расоблече за Божиќ!
Препорачано
39-годишниот актер, најпознат по улогата во филмската франшиза „50 Shades of Grey“, околу кој во моментов се шират многу гласини за Оскар за неговата работа во „Bellfast“, сподели видео на кое е облечен само во својата долна облека додека се нурнува во скок познат како „скокот на поларната мечка“.
View this post on Instagram
Џејми ги носеше само своите црни боксер гаќи додека се капеше во замрзнатата вода на плажата оваа божиќна сабота, а видео објавата ја започна со тоа им честиташе Божиќ на следбениците стоејќи на плажа покрај океанот на западниот брег на Ирска.
„Среќен Божиќ“, извика тој, пред да истрча и скокне во студената вода.
„Среќен Божиќ од Запад“, напиша тој покрај емотиконите со замрзнато сино лице, маж кој плива и ирското знаме, заедно со хаштагот #forgotmytogs – „тогс“ е збор што се користи за облека за капење, што објаснува зошто Џејми носи долна облека, а не костим за капење.
View this post on Instagram
Дорнан не е единствената славна личност која јавно скокна во ладна вода – во изминатите неколку години, Хју Џекмен ја прославува Новата година така што сам се нурнува со „скок на поларната мечка“, а ѕвездата од „Икс-мен“ сподели и видео на 1 јануари 2021 година.
View this post on Instagram


