Божиќ-Павлетиќ од Е. Пелистер се сели во Франција

Јосип Божиќ-Павлетиќ од следната сезона во францускиот Трембле/Фото: EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI

Уште еден ракометар на крајот од сезоната ќе го напушти Е. Пелистер, станува збор за десното крило Јосип Божиќ-Павлетиќ.

Тој е шестиот играч кој ќе се раздели со тимот, после Мартон Секели, Немања Обрадовиќ, Реиниер Табоада, Јосип Периќ и Матео Мараш.

Хрватот Божиќ-Павлетиќ од следната сезона ќе ги брани боите на францускиот Трембле чии бои ќе ги брани до 2024 година.

Од битолскиот клуб најавија дека нов играч од натпреварувачката сезона 2022/2023 ќе биде рускиот репрезентативец Денис Василев.

Покрај Василев, претходно Е. Пелистер информираше дека нови засилување ќе бидат уште голманот Урбан Лесјак, левиот француски бек Руди Сери, португалскиот среден бек Вилсон Дејвис и десниот туниски бек Усама Хосни.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот