Борче Георгиевски од Инфективна клиника повика на сплотеност
Искрена благодарност за грижата до сите кои се јавувате и ми пишувате мене или на моето семејство. Со огромна посветеност и пожртвуваност на докторите и сите медицински лица се надевам дека секој од нас тука многу брзо ќе ја добие битката со коронавирусот, напиша Георгиевски.
Градоначалникот на Гази Баба, Борче Георгиевски кој е позитивен на Ковид-19 е хоспитализиран на Инфективната клиника во Скопје. Тој во однос на неговата здравствена состојба се огласи на Фејсбук. Во неговиот пост вели:
Препорачано
Искрена благодарност за грижата до сите кои се јавувате и ми пишувате мене или на моето семејство. Со огромна посветеност и пожртвуваност на докторите и сите медицински лица се надевам дека секој од нас тука многу брзо ќе ја добие битката со коронавирусот.
За жал, ги читам и малициозните информации и лаги кои некои портали ги објавуваат. Ве замолувам да не им се лутите и да не им земате за зло.
Да останеме сплотени бидејќи само на тој начин ќе успееме како општество да ја добиеме битката со ова зло наречено коронавирус. Јас и понатаму ќе ги следам препораките на лекарите и ќе постапувам согласно нивните насоки.
Општина Гази Баба и целиот тим продолжува тековно да функционира бидејќи потребите на моите сограѓани остануваат секогаш приоритет и за мене и за Општината. Ви благодарам уште еднаш и се гледаме наскоро!, напиша Георгиевски.


