Бондовата девојка Џејн Симор наполни 70 години: Ја откри својата тајна против стареењето

Instagram

Џејн Симор наполни 70 години и како што вели го прифаќа процесот на стареење. Симор изгледа неверојатно, па во разговор со „Newbeauty“ откри која е нејзината тајна за „вечна младост“.

Се чувствувам исто. Како полуполна чаша. Моето размислување е: – Биди колку што можеш помлада“, сподели актерката, која во понеделникот го прослави својот 70 роденден.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Jane Seymour (@janeseymour)

Не жалам за минатото, но посакувам да можев да и кажам на помладата јас – на таа млада девојка која живееше во Англија каде е облачно и врнежливо поголемиот дел од времето – дека не треба да лежи на сонце со рефлектирачка табла и да се мачка со масло за јадење за време на тие две недели на одмор! “, вели Џејн.

Младешкиот сјај на Симор произлегува од комбинација на здрава исхрана, пилатес, витамини и дневни прошетки на плажа.

Мислам дека имањето добра кожа е вистинската тајна за да не ви старее лицето“, сподели актерката.

Instagram
Instagram

Користењето ретинол навечер, заштитата од сонцето, користењето на одлична нега за кожата и скоро сè што ме прави да се чувствувам здраво, е најдобрата тајна против стареењето што ја знам“, додава таа.

И додека Симор и во осмата денецнија од својот живот не посегнала по естетски зафати, вели дека не е против обидот за пластична операција.

До сега не сум правела никакви естетски зафати на лицето, но немам ништо против тоа, ништо. Скоро сите што ги познавам го прават тоа и навистина се воодушевени од резултатите“, вели некогашната Бонд девојка.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Jane Seymour (@janeseymour)

Мислам дека е одлично, и ако почувствувам дека некој може да направи нешто што не би го сменило моето лице, би го направила тоа“, вели таа.

Симор до ден денес водушевува со својата витка фигура и младешки изглед. Актерката во минатото откри дека нејзиниот начин на исхрана се базира на пилешко месо и зеленчук, а како што вели, строгата диета никогаш не и донела многу успех.

„Мојот трик е во умереноста бидејќи кога ќе си кажам: Добро, може да го изедеш тој колач, но не цел, тоа поминува“, вели актерката која својата витка фигура ја одржува и со вежби.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот