Бомбастична вест од Турција: Газдата на Фенербахче сака да го преземе ФК Вардар?!

epa06787329 New president of Turkish soccer club Fenerbahce, Ali Koc, who took over the position after winning the election against former president Aziz Yildirim, attends a ceremony at Sukru Saracoglu stadium in Istanbul, Turkey, 05 June 2018. EPA-EFE/ERDEM SAHIN

Али Коч тежи повеќе од милијарда евра, а неговото семејство е меѓу најбогатите во Турција. Коч е инаку прв човек на фудбалскиот клуб Фенербаче веќе подолго време, а според вестите од Турција, тој е заинтересиран да го купи најтрофејниот клуб во Македонија.

Како што стојат работите сега, токму за Вардар се има најголеми шанси, кој е во финансиски проблеми, а минатата сезона испадна во Втората македонска лига.

Турските медиуми наведуваат дека идејата е Вардар да стане „пилот-клуб“ на Фенер. Тоа значи дека сите играчи кои не би играле за трофејниот клуб од Истанбул, би завршиле на калење во Скопје.

Оваа вест доаѓа како како целосно изненадување бидејќи пред неколку дена беше објавена веста дека Слободан Крстевски е нов сопственик на Вардар, но сега сè би можело може да се смени.

Во случај Коч да го купи Вардар, овој клуб сигурно многу бргу би се вратил во игра за трофеи во македонскиот фудбал, па би било интересно да се види како Коч би се однесувал во тој случај, бидејќи УЕФА не дозволува два клуба со ист сопственик да се натпреваруваат во Европа.

Инаку, Вардар пред четири години го постигна најголемиот успех во историјата на клубот токму преку Фенербаче, кога „црвено-црните“ на последната пречка со две победи го елиминираше турскиот гигант во баражот за Лигата на Европа и се пласираше во групната фаза.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот