Болните од корона наместо во Систина ќе се лекуваат во Ибис Стајлс?

„Слободен печат“ неофицијално дознава дека раководството на Аџибадем Систина го понудило хотелот Ибис Стајлс за потребите на пациентите болни од коронавирус.

Овој хотел беше првиот државен карантин кога во Македонија беше задолжително одење во карантин по враќање од странство.

На располагање на пациентите ќе им бидат обезбедени околу 100 кревети и персонал од Клиниката.

Хотелот претходно беше гинеколошки-акушерски центар “Мала Богородица”.

Приватните болници не одбиваат пациенти ама се изненадени од одлуката на Владата

Министерот за здравство д-р Венко Филипче попладнево оствари работен состанок со сопствениците на приватните болници „Жан Митрев”, „Систина” и „Ремедика”.

Со оглед на тоа што за прв пат државата заедно со приватните здравствени институции треба да направи реорганизација за справување со ковид кризата во време на пандемија, дополнителни прецизирања на условите, начинот на користење на ресурсите на приватните здравстевени установи ќе бидат договорени на следниот состанок закажан за в недела- велат од министерството.

В недела ќе „падне“ договор за користење на ресурсите на приватните болници

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот