Болницата во Бергамо за првпат по 137 дена нема пациенти на интензивна нега

Одделението за интензивна нега во болницата „Папа Јован XXIII” во Бергамо, за првпат од почетокот на епидемијата, почната на 23 февруари, нема пациенти со Ковид-19, соопшти денеска болницата.

Одделнието за интензивна нега цели 137 дена имало пациенти кои страдале од Ковид-19. Бергамо беше и меѓу италијанските градови и региони што се најпогодени од епидемијата

Објавени инсерти од болницата во Бергамо: Исполнети соби и ходници, персоналот се бори да спаси што е можно повеќе животи (ВИДЕО)

 

Во екот на кризата болницата во Бергамо во исто време имаше и до 100 пациенти на респиратори, а светот беше запрепастен од воениот конвој кој ги пренесуваше жртвите кои ги преполнија мртовечниците се до крајот на април, како и видеата од болницата кои доловуваа како изгледа борбата против Ковид-19.

Конвојот во Бергамо ги вознемири социјалните мрежи: Војската мора да ги пренесува починатите од коронавирус (ВИДЕО)

„Болните од Ковид-19 умираат сами како кучиња, немам повеќе солзи“: Тажна исповед на медицинска сестра од Бергамо

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот