Конвојот во Бергамо ги вознемири социјалните мрежи: Војската мора да ги пренесува починатите од коронавирус (ВИДЕО)

Фото: EPA-EFE/FILIPPO VENEZIA

Снимка од италијанскиот град Бергамо, кој сега е еден од најпогодените градови од епидемијата на коронавирусот, ги вознемири социјалните мрежи. На видеото може да се забележат десетина воени камиони кои пренесуваат ковчези на починати лица во неколку крематориуми во северниот дел на Италија.

Во регионот Ломбардија, поради општиот карантин, погребите се спроведуваат без церемонии.

Најголемата компанија за огранизација на погреби во овој регион ја објасни ситуацијата, велејќи дека камионите на војската биле повикани на помож за превоз на ковчезите, бидејќи крематориумот во Бергамо бил преполн и немало место.

– Вообичаено имаме 120 погреби. Сега цела генерација ни почина во две недели. Никогаш не сме виделе вакво нешто – изјави Антонио Рикарди, претседателот на погребалната компанија.

Според пишувањата на медиумите, во градот Бергамо има 80 погребни компании, а секоја од нив примала по најмалку 12 повици за еден час.

Италија е најтешко погодената земја од епидемијата на коронавирусот по кинескиот град Вухан, а во земјата досега од болеста починаа 2.978 лица.

Според податоците до 10 часот, во светот досега се регистрирани 220.313 луѓе заразени со новиот коронавирус. Од нив починати се 8.983, а оздравеле 85.769.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот