Credit line: University of Twente / Ferrari / Profimedia
Credit line: University of Twente / Ferrari / Profimedia

Болниците во Македонија да проверат уште колку хелиум имаат за апаратите за магнетна резонанца, поради војната во Иран

Фондот за здравство упати предупредување до јавните здравствени установи што имаат апарати за магнетна резонанца да проверат уште колку хелиум имаат и да набават од овој гас неопходен за функционирањето на магнетната резонанца, затоа што постои можност наскоро поради војната во Иран, истиот да не биде достапен на европскиот пазар. Моментално цената на хелиумот е зголемена за 30 проценти и се очекува цената дополнително да галопира.

Еден од ланците што ќе се прекине е хелиумот. Хелиумот е неопходен за работата на магнетната резонанца и побаравме да се направат навремени проверки на состојбите на магнетните резонанци во земјата дури уште има достапен хелиум на европскиот пазар, рече директорот на ФЗОМ Сашо Клековски.

Конфликтот во Иран го попречува снабдувањето со хелиум, што директно влијае врз оперативноста на апаратите за магнетната резонанца. Иранските напади предизвикаа значителна штета на катарските постројки за течен природен гас, прекинувајќи ја доставата на околу 30 отсто од глобалните потреби за овој гас. Ова доведе до двојно зголемување на цените и недостиг на хелиум со висока чистота, неопходен да ги лади суперспроводливите магнети што се користат во скенерите за магнетна резонанца.

Течниот хелиум има значително ниска точка на вриење од минус 269 степени, затоа е и способен да ги лади магнетите во апаратите за магнетна резонанца. За да може еден магнетна резонанца да работи, апаратот обично користи околу 1.700 литри течен хелиум.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот