Боки 13: Првата средба со Силјан Мицевски ја договори Кирацовски

За некои правни акти и документи на „Меѓународниот сојуз” не само јас, туку се потпишуваа и лица за кои денес може да кажам дека некои се обвинети, а некои сведоци, нешто што јас го толкувам како притисок врз мене. Јас како симпатизер на СДСМ и Шарената револуција не сум имал средби само со Фросина Ременски, туку и со повисоки функционери, рече денеска во судница Бојан Јовановски првообвинет во случајот „Меѓународен сојуз”.

За случајот „Меѓународен сојуз” обвинети се Бојан Јовановски-Боки 13, Јасна Мандиќ, Фросина Ременски, Миле Јовановски и Христина Блажеска за кривичните дела „измама” и „перење пари”. Судскиот процес го води судијката Софче Гаврилова-Ефремова.

– Првата средба со Силјан Мицевски ја организираше Александар Кирацовски. Имавме потпишано меморандуми за соработка со општините Охрид, Битола, Карпош и Дојран. Татко ми Миле само еднаш има влезено во „Меѓународен сојуз”, а сега овде го гледаме како обвинет. ОЈО потфрли во овој случај. Лага и невистина е дека се уплаќале пари од „Меѓународен сојуз” во 1ТВ – рече Јовановски.

Тој нагласи дека нема земено ни денар од Буџетот на државата и бил горд на тоа.

– Мојот договор со Г.П. “Пелистер” не падна од небо туку беше преку посредници, а вистиниските посредници ќе се дознаат преку кривичните пријави. Мила Царовска ја донесе Лилјана Тодоровска која е автор на проектот кај мене. Имав и прием и поддршка од Зоран Заев и од Оливер Спасовски – рече Јовановски.

На минатото рочиште во воведните зборови обвинителката Вилма Рускоска рече дека ќе докаже оти обвинетите свесно ги сториле делата и дека од почетокот оваа организација е темелена на лаги, за да им се извлечат пари на бизнисмените Силјан Мицески и Ардијан Амзоски. Обвинетите, пак, се изјаснија дека не чувствуваат вина за делата кои им се ставаат на товар. Според обвинението, обвинетите ги измамиле бизнисмените Силјан Мицески и Ардијан Амзоски дека ќе учествуваат во проект преку „Меѓународен сојуз” на Бојан Јовановски-Боки 13 и ги оштетиле со повеќе од милион евра.

Не сум измамила никого, тврди Ерцеговиќ обвинета во аферата „Меѓународен сојуз”

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот