БОКИ 13 ПОВТОРНО ЗАД РЕШЕТКИ: ОЈО не му дава домашен притвор

Фото: Слободен печат

Бојан Јовановски познат како Боки 13, првообвинет во аферата „Рекет“ по завршените лекарски испитувања, повторно е вретен во истражниот затвор „Скопје“.

За денеска е закажана седница на совет на скопска Апелација која треба да одлучи по барањето на одбраната на Јовановски кој бара затворскиот притвор да му биде заменет за поблага алетернативна казна, како домашен притвор. Но, за ова барање на обвинетиот Јовановски негативно мислење до судот веќе испратило Јавното обвинителство. На потег е судот кој ќе треба да одлучи за мислењето на двете страни.

За утре во Кривичен суд е закажан стартот на процесот „Рекет“ во кој првообвинет е Јовановски, а во кој ќе им се суди на поранешната специјална обвинителка Катица Јанева и на Зоран Милески.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот