Бојата открива многу: Еве што значи ако ретко или пречесто уринирате

Реткото мокрење (еднаш до двапати на ден) обично е знак на дехидратација. Од друга страна, ако урината ви е целосно чиста, тоа веројатно е знак дека пиете премногу течности.

Колку често мокрите во денот зависи и од возраста, некои типови на лекови, типот на пијалаци кои ги пиете и во кои количини и многу други фактори.

Но, генерално, просечна здрава личност треба да уринира помеѓу три и четири пати дневно, вели урологот Ванита Сима-Чианг.

Ретко уринирате

Реткото мокрење (еднаш до двапати на ден) обично е знак на дехидратација.

„Ако сте дехидрирани, вашата урина може да се концентрира, а тоа е предиспозиција за инфекции на уринарниот тракт“, вели Сима-Чианг.

Најдобар начин да го тестирате нивото на хидратација е едноставно да ја проверите бојата на урината.

– Ако урината ви е темно жолта, веројатно не пиете доволно течности – вели урологот и ве советува да пиете вода секогаш кога ќе бидете жедни или чувствувате дека грлото ви е суво.

Премногу често мокрите

Од друга страна, ако урината ви е целосно чиста, тоа веројатно е знак дека пиете премногу течности.

Нашите тела се изградени за да одржуваат хомеостаза, објаснува Сима-Чианг, па ако вашата урина е чиста како водата, телото вели дека е доволно хидрирано.

Не е само водата соодветен пијалак. Кафето исто така, е природен диуретик и стимуланс на мочниот меур, што може да ја зголеми итноста, вели Сима-Чианг.

Како може премногу честото мокрењето да влијае на секојдневниот живот?

Честото мокрење не е секогаш показател за здравјето, но може да биде фрустрирачко.

Будењето во текот на ноќта може да го наруши квалитетот на сонот, што доведува до пад на енергијата и недостаток на концентрација во текот на денот.

Ако не пиете доволно течности и сеуште имате проблеми со често мокрење, посетете го вашиот лекар.

 

Медицински состојби кои можат да влијаат на фреквенцијата на мокрење

Најчестиот медицински виновник за зголемување на фреквенцијата на мокрење е воспаление на уринарниот систем, особено кај помладите луѓе, вели Сима-Чианг. Поретки, но загрижувачки причини може да бидат рак на мочниот меур, хиперактивен мочен меур, дијабетес или камења во бубрезите.

Диуретиците исто така можат да ја зголемат итноста и фреквенцијата на одење во тоалет. Тие обично се препишуваат на пациенти со кардиоваскуларни заболувања.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот