Џонатај Портер и Богдан Богдановиќ/ EPA/ERIK S. LESSER SHUTTERSTOCK OUT

Богдановиќ за договор вреден над два милиони евра може да се врати во Европа

Капитенот на српската репрезентација, Богдан Богдановиќ, е пред заминување од НБА лигата и според најавите следната сезона би можел да се врати во Европа.

Турските медиуми пренесуваат дека неговата епизода во Лос Анџелес клиперс е при крај и дека е на чекор од договор со Бешикташ, каде што би заработувал околу 2,1 милиони евра по сезона.

Клучна улога во можниот трансфер би имал тренерот Душан Алимпијевиќ, а соработката наводно би можела да биде договорена на две години, со опција за уште една. Истанбулскиот тим веќе сериозно се подготвува за историско финале во Еврокупот против францускиот Бург, со амбиции да стигне до првиот европски трофеј и место во Евролигата.

Богдановиќ оваа сезона не беше во преден план кај тренерот Тајрон Лу, но Клиперс имаат можност до 26 јуни да ја активираат клаузулата за продолжување на договорот за уште една година. Постоеше и опција за нов четиригодишен договор, но таа опција во овој момент не е реална.

Доколку клубот не ја искористи опцијата, Богдановиќ ќе стане слободен агент и од 1 јули ќе може да преговара со други клубови, па доколку најавите за трансфер во Истанбул се покажат точни, договорот со Бешикташ би можел брзо да стане официјален.

Во изминатиот период се споменуваше и интерес од Партизан, но се чини дека турскиот клуб е поконкретен. Останува да се види и реакцијата на навивачите на Фенербахче, каде што Богдановиќ настапуваше три сезони.

По настапите за Партизан и Фенербахче, Богдановиќ во 2017 година замина во НБА, каде што покрај Клиперс беше дел уште од Сакраманто и Атланта.

Шок за Партизан: Не добил лиценца за настап во Европа

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот