Фото: EPA-EFE/FILIP SINGER

Богдановиќ потврди: Нема да игра повеќе за Хрватска

Најдобриот хрватски кошаркар, Бојан Богдановиќ потврди дека повеќе нема да настапува за репрезентацијата на Хрватска и не размислува за враќање во Европа.

Во разговор за „Мундо Депортиво“, Богдановиќ порача дека неговиот став не се променил кога во прашање е играњето за репрезентацијата.

„Ставот ми е ист како минатото лето и не мислам да го променам“, изјави Богдановиќ.

Следуваше прашањ дали по НБА кариерата ќе се врати во Европа.

„Мислам дека нема повторно да играм во Европа. Ми се допаѓа д ебатата, поинаков е стилот на кошаркар, менталитетот во Европа е различен, во секој натпревар се игра жестоко“, истакна хрватскиот кошаркар.

Откри во кои клубови сака да игра, ако сепак некогаш се врати.

„Реал Мадрид и Фенербахче се двата клуба каде што би играл, но како што кажав не размислувам во таа насока“, изјави актуелниот играч на Детроит.

Богдановиќ во кариерата играше за Зрински, Цибона, Мурсија, Реал Мадрид, Фенербахче, Вашингтон, Индијана, Јута, а во Детроит е од 2022 година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот