Бочваров од АнтиарТ: Работиме повеќе од 15 години и лесно „си легнуваат“ работите и начинот на компонирање

На YouTube (ЈуТјуб) каналот на бендот „АнтиарТ“ е објавен нов сингл и видео запис.

Песната се вика „Облаци“ и е авторско дело на бендот. За аудио делот се погрижи Нино Спиркоски. Видеото е изработено од режисерот Томи Акимовски (leletomi) и поради тековните забрани наметнати од КОВИД-19, содржи видео материјал снимен изминативе години, како и позајмени видеа.

Бендот е составен од 5 члена: Леана Таќи (вокал), Никола Бочваров (бас гитара), Давид Матевски (гитара), Петар Лукиќ (клавијатури) и Александар Ванчовски – Џигер (тапани).

-За нас уметниците денот е ист, само што фалат оние вечерни свирки. Во суштина нашата работа се сведува на компонирање, па потоа проби. Таа рутина не е сменета, напротив дури и повеќе работиме од претходно. Нашата музика жанровски е неинструментален џез фјужн. Мислам дека во Македонија има доволно публика, но имаме криза малку за внимание од постарата публика, изјави за „Утрински брифинг“ на „Слободна ТВ“, композиторот и басист, Никола Бочваров.

Работиме повеќе од 15 години и лесно „си легнуваат“ работите и начинот на компонирање. Така е направена и „Облаци“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот