Фото: mkd.basketball

Бобан Стајиќ ќе ги пропушти натпреварите со Азербејџан и Ирска

Селекторот на македонската сениорска кошаркарска репрезентација Марјан Илиевски ќе биде со опција помалку во бековската линија за првиот круг од претквалификациите за Евробаскетот 2029 година.

Илиевски беше информиран од лекарскиот тим дека Бобан Стајиќ има проблеми со левото колено, и не може да им помогне на своите репрезентативни колеги за средбите со Азербејџан и Ирска.

– И покрај сите настојувања од негова страна да биде со тимот, сепак, нашиот лекарски тим одлучи дека Стајиќ не може да биде максимално подготвен за двата натпревари кои ни следуваат оваа недела. Не сакам ништо да форсираме во таа насока. Потребна му е комплетна рехабилитација. Имаме опција помалку во таа бековска линија, но продолжуваме понатаму – појасни Илиевски за ситуацијата во која се најде искусниот бек на почетокот на мини-подготовките за натпреварите од претквалификациите за Евробаскетот 2029 година.

На 27 ноември, од 19.00 часот, во салата на СРЦ „Кале“ во Скопје, Македонија ќе биде домаќин на селекцијата на Азербејџан.

Три дена подоцна, на 30 ноември, следува гостување во Даблин, и натпреварот против селекцијата на Ирска.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот