Фото: EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI

Блумберг за Мило Ѓукановиќ: Најдолговечниот лидер во Европа сега сака и своја црква

Претседателот на Црна Гора сака да воспостави своја православна црква и така својата земја да ја оддалечи од орбитите на Русија и Србија.

Ширум малечката земја од само 620.000 жители растат лути протести со ретко покажување на пркос кон човекот кој од слуга на Слободан Милошевиќ се претвори во најдолговечен  лидер во Европа, пишува американскиот магазин „Блумберг“.

Изграден во речиси вертикално скалило со спектакуларен поглед кон долината, манастирот Острог претставува едно од најголемите светилишта во Европа. Од 17. век преживеа многу војни и превирања кои го одредија најнеуредениот регион во Европа.

Комплексот цркви сега е симбол на новата борба околу културниот идентитет, а во светот на христијанското православие тука неминовно се работи за моќ и нација.

Манастирот ѝ припаѓа на Српската православна црква, иако се наоѓа во Црна Гора, најмалата од шесте поранешни југословенски републики.

Претседателот на Црна Гора сака да воспостави своја православна црква и така својата земја да ја оддалечи од орбитите на Русија и Србија. Државата во спроведувањето на планот може да ги земе црковните имоти вклучувајќи го и Острог. Верниците сепак јасно ставија до знаење каде се наоѓа нивната преданост и на чија страна се.

Црна Гора му се приклучи на НАТО во 2017 година и го продолжи својот пат кон ЕУ, но вртењето грб на СПЦ е еден чекор премногу за многумина.

„Никогаш во историјата еден атеист и комунист не направиле црква, соопшти свештеникот од Острог Јован Радовиќ за “Блумберг“.

„Неверојатно е колку е посветен на таа задача. Улогата на црквата е да ги спасува луѓето од грев, не да создава нови нации“.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот