Блокотехна се враќа во кошарката, прв чекор донација од 200.000 денари

Гевгелискиот клуб ќе стартува од најнискиот ранг и доколку сè оди според планираното, амбициите ќе бидат и „кам-бек“ во Првата лига.

Гевгелискиот клуб беше основан во 2017 година, а две години подоцна успеа да ја освои балканската титула.

Како што се дознава од социјалните медиуми, Блокотехна е подготвена за повторно враќање на кошаркарската мапа.

Како прв чекор ќе биде помош од 200.000 илјади денари кон Црвениот крст, за помош на погодените од Ковид-2019.

фото: принтскрин/фејсбук

Првите луѓе на овој клуб изјавуваат:
Да, одлучивме да се вратиме. Кошарката е спорт кој нè сплотува и обединува. Гевгелија ја сака кошарката и мислиме дека нема да биде премногу доколку има уште еден клуб. Респект кон КК Кожув, но чувствуваме дека ќе има малку место и за нас. Нормално ќе стартуваме од најнискиот ранг и доколку Господ даде, а и ние му помогнеме, амбициите ќе бидат Прва лига. Како наш прв чекор ќе биде помош од 200.000 илјади денари кон Црвениот крст, за помош на погодените од Ковид-19.

Да си ја сакаме Македонија и да си го сакаме спортот.

Управа на КК Блокотехна –

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот