Блинкен: Москва, Техерен и Пекинг ќе бидат најсреќни ако Конгресот не го одобри пакетот помош за Украина
Москва, Техерен и Пекинг ќе бидат најсреќни ако Конгресот не го одобри дополнителното барање на претседателот на САД, Џо Бајден, за помош за Украина и Израел, изјави денеска државниот секретар Ентон Блинкен на брифинг за новинарите во Стејт департментот.
Препорачано
-
1
-
2
-
3
„Нема магично стапче од каде може да земеме пари за Украина, ако Конгресот не го одобри пакетот предложен од претседателот. Помошта и подршката за Украина е при крај, речиси ги немаме потребните пари, и времето е речиси изминато“, предупреди Блинкен.
Тој ја истакна итноста за тоа дополнителното барање да биде одобрено, за Украина да може да ја одбие руската агресија зимово и идното лето.
„Инвестиравме во иднината на Украина, во нејзиниот економско оживување и мораме да помогниме на земјата да продолжи со напорите зимово и идното лето, и знаеме дека има свои планови, не само да ја одбие руската агресија, туку и да си ја врати својата територија“, изјави Блинкен.
Рече дека не се само САД што доделуваат помош за Украина, и дека парите се вложуваат во американската економија.
„Уште еднаш напоменувам, помошта не доаѓа само од нас туку и десетици останати земји. Ние досега обезбедивме 70 милијарди долари, а останите земји, 110 милјарди“, кажа Блинкен.
Додаде дека буквално сите овие пари се инвестирани во САД, со отварање на нови рабтни места и со изградба на американскиот одбранбен комплекс.
„Ова го реков претходно и пак ќе истакнам, ако Конгресот не го одобри дополнителното барање на претседателот, најсреќни за тоа ќе бидат Москва, Техеран и Пекинг“, изјави денеска државниот секретар Ентон Блинкен.
Преговорите меѓу администрацијата на Бајден и конгресните лидери за пакетот вреден над 110 милијарди долари продолжуваат. Пакетот вклучува воена помош вредна над 60 милијарди долари за Украина и околу 16 милијарди долари за Израел, како и хуманитарна помош за Палестинците во појасот Газа и на Западниот брег.
Некои демократски законодавци како Чак Шумер, лидер на мнозинствто во Сенатот, неделава посочија дека ќе работат и на Божиќ во обид да се дојде до договор за безбедноста на границите, во замена за гласовите на републиканците за испраќање на поголема помош за Украина пред Нова година


