Фото: ГНК Динамо Загреб

Бјелица: Денес нема мангупи како Адеми и Ристовски

Поранешниот тренер на Динамо Загреб, Ненад Бјелица, се осврна на своето време во клубот и ја истакна разликата помеѓу некогашните и денешните генерации.

Тој посебно го потенцираше влијанието на играчи како Аријан Адеми и Стефан Ристовски, кои ги нарече „мангупи“ – лидери кои ја носеле екипата до големите успеси во Лигата на шампионите.

„Тие момци го доведоа Динамо во Лигата на шампионите, му донесоа на клубот 40 милиони евра, плус продадоа играч за 30 милиони евра. Според мене заслужуваат секаква почит. Тие го сакаат Динамо, Петковиќ, Теофил, Ристовски, Адеми… Моментално нема такви лидери во Динамо. Во денешниот фудбал наоѓањето на лидер е многу тешко. Занете, оваа генерација е „мека“. Момци како Манџукиќ, Вида… тоа се „бандитите“, Тие „мангупи“ го држеа Динамо и кога бев јас таму и сите тренери со мене“, изјави Бјелица.

ФОТО | Седлоски: Ова е голема чест и најголема одговорност во мојата кариера

Преземено од: Sport.com.mk

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот