Бизнисмен си купил златна маска за да се заштити од корнавирусот (ВИДЕО)

Profimedia

Индискиот бизнисмен Шанкар Курхад платил 3.550 евра за златната маска направена по мерка, која треба да го штити од коронавирусот.

Биле потребни осум дена за да се направи маската во која се ставени околу 60 грама злато, открива Кутхад, кој живее на запад на Индија.

„Тоа е тенка маска со мали пори за да можам да дишам“, рекол Кутхад, но сепак признал дека не е сигурен дека таква маска може да го заштити од коронавируспт и поради тоа вели дека преземал и други заштитни мерки.

Курхад има 49 години, а кога излегува сака да става накит тежок околу еден килограм. Открива дека до идејата за златна маска дошол откако видел репортажа за човек кој си направил сребрена маска.

„Луѓето сакаат да се фотографираат со мене бидејќи се импресионирани да ја видат златната маска што ја носам на пазар“, додал Кутхад.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот