Центарот за истражување на предисторијата ќе ја промовира книгата „Со злато против смртта“ на Никос Чаусидис
Промоцијата на книгата „Со злато против смртта: Иконографија и семиотика на раноантичките златни погребни апликации од Македонија“ на проф. д-р Никос Чаусидис ќе се одржи на 20 декември (сабота), со почеток во 19 часот, во Националниот археолошки музеј. Монографијата ги обработува погребните маски и другите златни покривки ставани врз телото на елитните покојници од Македонија …

