Бизнис заедницата ќе има даночна предвидливост: Министерството за финансии ќе воведе даночен календар

Министерство за финансии/ Фото Архива на СП

Со воведувањето на даночен календар, бизнис заедницата ќе ги знае промените во даночната сфера најмалку шест месеци пред да се спроведат. На овој начин ќе се обезбеди поголема даночна предвидливост, а тоа значи и подобро бизнис опкружување, се наведува во објава на Фејсбук профилот на Министерството за финансии (МФ).

Министерот за финансии Фатмир Бесими, по средбата со Стопанската комора на Македонија, посочи дека може да има исклучоци, нагласи и потреба за брзи акции, како во случајот со ковид-кризата, но истакна дека ќе се постави систем и механизми за транспарентно и навремено информирање.

– Зголемувањето на даночната предвидливост беше наведена како една од целите и приоритетите на Министерството за финансии за наредниот четиригодишен период. Министерот за финансии во таа прилика најави даночни поволности кај персоналецот за ИТ индустрија и за повеќе категории на стопанственици преку нов закон за ДДВ. Исто така најави и подигнување на прагот за ДДВ-обврзник од два на три милиони денари, како и намалување на парафискалните давачки за 75 отсто, наведува МФ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот