Битолчанецот Галевски му донесе бод на Алкалоид против Еурофарм Пелистер
Еурофарм Пелистер и Алкалоид одиграа драматично реми 26-26 во дербито на колото од македонската Суперлига. Херој на Алкалоид беше битолчанецот Иван Галевски, кој во последните секунди одбрани пенал на Радивојевиќ и му донесе бод на својот тим.
Препорачано
Пелистер доминираше во најголем дел од натпреварот и водеше речиси цело време, додека Алкалоид само неколку пати во првиот дел водеше со еден гол. На пауза, Пелистер замина со 17-13, по серија од пет гола на домашните.
Во второто полувреме Пелистер одржуваше предност до шест гола (24-18), но Алкалоид почна да се буди осум минути пред крајот и намали на „минус два“. Галевски забележа неколку одлични интервенции, а на другата страна Митревски заврши со 20 одбрани.
На пет минути до крајот, со седмерец на Серафимов, Алкалоид се приближи на само еден гол заостанување (26-25), а во финишот успеа да израмни. Последниот напад на Пелистер заврши со пенал за Хосни, но Галевски го одбрани ударот и донесе бод за гостите.
Со освоениот бод, Алкалоид им направи услуга и на Вардар, кој останува единствениот непоразен тим од стартот на сезоната.
Преземено од: Sport.com.mk


