Битка за бронза: Хрватска и Мароко ќе испишат историја на светските фудбалски првенства

Хрватска и Мароко ремизираа без голови во групната фаза на СП 2022/фото: EPA-EFE/Abir Sultan

На стартот од Мундијалот во Катар, репрезентациите на Хрватска и Мароко веќе се сретнаа еднаш во рамките од групата „Ф“ кога во првото коло ремизираа без голови (0:0), на стадионот Ал Бајт во Ал Хор.

Хрватска имаше 65 отсто посед на топка со само два кон противничкиот гол. Без вистински решенија во нападот и со неколку добри интервенции на Доминик Ливаковиќ, Хрватска освои бод.

Мароко се покажа како многу тврд тим кој не прима и не постигнува многу погодоци. На патот до мечот за бронзениот медал не примија гол против Хрватска (0:0), Белгија (2:0), Шпанија (0:0) и Португалија (1:0). Во полуфиналето беа поразени од Французите со два примени голови.

Нов дуел меѓу овие две селекции ќе има в сабота на 17 декември на Интернационалниот стадион „Калифа“. Тоа ќе биде само четврти пат во историјата на Светските првенства две репрезентации да се сретнат двапати на исто Светско првенство.

СП 1954 Швајцарија

Унгарија – Западна Германија 8:3
Западна Германија – Унгарија 3:2

СП 1962 Чиле

Чехословачка – Бразил 0:0
Бразил – Чехословачка 3:1

СП 2018 Русија

Белгија – Англија 1:0
Англија – Белгија 0:2

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот