Битиќи: Возилата за Владата се набавуваат на лизинг бидејќи трошоците се помали

Влада на РСМ / фото: Драган Митрески - Слободен печат

Ако отидете во која било земја од ЕУ службените возила над 90 отсто се преку одреден лизинг што го користат, оперативен или финансиски. Кај нас сè уште тоа е страно, но мислам дека е пак на ефикасно трошење на ресурсите, рече Битиќи.

Владината набавка на 45 возила преку лизинг е во редовна програма, а ќе бидат набавени во ноември, изјави вицепремиерот за економски прашања, Фатмир Битиќи. Според него, лизингот е најупотребуваниот механизам за набавка на службени возила, бидејќи трошоците за одржување се помали.

– Тоа е во среднорочниот план, се знае на колку километри се менуваат службените возила и не се набавуваат сега. Мислам дека би требало во ноември да бидат набавени кога реално ќе се случи реализацијата, но бидејќи е во редовниот план за набавки, во програмите, независно на изборниот процес, државата и институциите функционираат, рече Битиќи на новинарско прашање по посета на домашна компанија корисник на средства од Законот за финансиска поддршка на инвестициите.

Тој додаде дека во европските земји често се практикува службените возила да се набавуваат преку одреден лизинг.

– Од моето искуство надвор од политиката укажувам дека оперативен лизинг и финансиски лизинг е во цел свет најупотребуваниот механизам за службените возила затоа што долгорочно гледано трошоците за одржување се многу помали во тој вид. Ако отидете во која било земја од ЕУ службените возила над 90 отсто се преку одреден лизинг што го користат, оперативен или финансиски. Кај нас сè уште тоа е страно, но мислам дека е пак на ефикасно трошење на ресурсите, рече Битиќи.

Владата на лизинг бара 45 возила од висока класа. Лимузините треба да бидат нови, дизел, од минимум 2,000 сантиметри кубни моторна зафатнина, со црна или металик боја, автоматик, со минимум 7 брзини, сензори за паркирање и 6 воздушни перничиња, наведено е во огласот кој трае до 27 март.

Понудата нема да биде прифатена ако цената е невообичаено ниска. Сепак, ако понудувачот докаже дека користи субвенции од државата и понуди невообачаено ниска цена, понудата ќе се прифати, стои во огласот. Додека трае договорот од три години на користење, операторот ќе биде должен да обезбедува сервис, регистрација, зелен картон, пренос на дефектното возило

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот