Фатмир Битиќи / Фото: Телма

Битиќи: Власта во ребалансот не дава пари за плата од 100.000 денари за пожарникарите

„Во време кога гори цела држава, а 3.000 луѓе со дијабетес чекаат инсулински пумпи и сензори за мерење на шеќер, Владата останува глува за најважните потреби. Пожарникарите немаат основни услови за работа, ниту пристојна плата, а со само малку волја, може да добијат по 100.000 денари месечно за својата пожртвуваност. Наместо тоа, гледаме расфрлање со ребалансот на Буџетот без јасна визија и без чувство за приоритет. А веќе имаме два изгубени животи во пожарите “, рече пратеникот од СДСМ, Фатмир Битиќи во гостувањето во емисијата „Вин-Вин“ на „Телма“.

Во однос на фискалната структура на ребалансот, Битиќи посочи дека приходната страна е сериозно нарушена и алармантна.

„Ако само 71% од приходите доаѓаат од даночни и неданочни извори, тогаш останатите 29% не се извесни. Дома ако ви требаат 100 денари, а само 71 сигурно ви доаѓаат, а за останатите не знаете дали ќе ги позајмите или нешто ќе продадете, тоа е проблем. Ова не е стабилна фискална политика, туку ризична импровизација“, предупреди Битиќи.

Пратеникот на СДСМ, Битиќи го потенцира и отсуството на министерката за финансии од расправата за ребалансот на Буџетот во Собранеито, нарекувајќи го тоа показател за несогласување со презентираните бројки или избегнување на политичка одговорност.

„Веќе втор пат се случува на расправа за ребаланс министерката да не присуствува. Дали не се согласува со бројките? Дали ѝ е нелагодно да ги брани? Тоа треба да го каже Владата“, додаде пратеникот.Битиќи.

Битиќи заклучи дека ваквиот пристап води кон сериозни макроекономски ризици и создава впечаток на целосно дезориентирана фискална политика, која не ги решава реалните потреби на граѓаните.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот