Бислимовски: Нема дозвола за градба доколку немате приклучок за парно

Не гледам логика, вели Беслимовски, оние кои што градат да не се приклучуваат на системот на топлинска енергија, туку да се приклучуваат на електрична енергија.

Се носи нов Закон за градба и РКЕ ќе предложи при носењето на овој закон за градба, кога ќе се издава одобрението за градење, точно да се наведе секоја зграда на што ќе се грее.
Значи мотивите се, таму каде што имаме организиран систем на греење тој да се искористи, вели шефот на Регулаторната комисија за енергетика, Марко Беслимовски во „Утрински брифинг“ на „Слободна ТВ“.

-Во градот Скопје сега го имаме системот за топлинска енергија и сметаме дека на тој начин ќе ја зголемиме ефикасноста при греењето. На тој начин сериозно ќе се влијае и на загадувањето на воздухот. Поентата е на најефикасен и најекономичен начин да го решиме греењето на граѓаните- вели Беслимовски во „Утрински брифинг“.

Не гледам логика, вели Беслимовски, оние кои што градат да не се приклучуваат на системот на топлинска енергија, туку да се приклучуваат на електрична енергија.

-Нема дозвола за градба доколку немате приклучок за парно. Топлинската енергија кај нас се произведува од природен гас, кој што е најеколошко гориво со коешто располагаме. Треба да знаеме и дека електричната енергија најголем дел се произведува од јаглен- вели Марко Бислимовски, директор на Регулаторната комисја за енергетика.

Значи имаме сериозно загадување на воздухот таму каде што се електричните централи, вели Беслимовски, ова пред сè се однесува на Битола.

-При носењето на Законот за градба точно ќе се знае кои делови на Скопје на што ќе се греат.
Таму каде што нема развиен топлински систем, кај куќите најверојатно греењето ќе биде на електрична енергија, додека не дојде природниот гас. Значи ние не шириме мрежа на топлинска енергија- вели Бислимовски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот