Били Ајлиш, Лејди Гага, Род Стјуарт и Стинг ќе настапат на хуманитарен концерт за помош на настраданите од пожарите во Лос Анџелес
Били Ајлиш, Лејди Гага, Џони Мичел и Џели Рол ќе им се придружат на многу други ѕвезди во Лос Анџелес овој месец на хуманитарен концерт за да им помогнат на заедниците погодени од разорните пожари.
Препорачано
На настанот наречен Фајрејд (FireAid), ќе настапат и Грин Деј, Грејси Абрамс, Кети Пери, Ред Хот Чили Пеперс, Стинг и Стиви Никс. Дејв Метјуз и Џон Мајер за првпат ќе настапат заедно.
Настапите се закажани за 30 јануари во Инглвуд, многу блиску до Лос Анџелес. Концертот ќе се прикажува и во одредени кина и ќе се емитува на Netflix, Max, Apple TV, Prime Video, Spotify, YouTube и други платформи.
Делови од Лос Анџелес, вториот по големина град во САД и дом на многу музичари, беа уништени минатата недела од шумски пожари во кои загинаа 27 луѓе.
Поканети се донатори од целиот свет да го поддржат FireAid, а собраните средства ќе бидат искористени за краткорочни и долгорочни планови за превенција од шумски пожари. Парите ќе бидат распределени во насока на Фондацијата Аненберг.
Трошоците за имплементација на FireAid ќе ги покрие кошаркарскиот клуб Лос Анџелес Клиперс, кој своите натпревари ги одржува во куполата Инуити, соопштија организаторите. Имињата на дополнителните изведувачи ќе бидат објавени подоцна.


