Билбао и Даблин отпаднаа од организацијата на ЕП

твитер

Извршниот одбор на денешниот состанок ги потврди градовите на кои ќе се игра Европското првенство и од првичниот план отпаднаа два града бидејќи не можеа да дадат гаранции за присуство на одреден број на гледачи на трибините.

УЕФА одлучи Минхен да остане меѓу домаќините на ЕП кое ќе се одржи од 11. јуни до 11. јули, додека од отпаднаа Билбао и Даблин. Севиља ќе ги замени Билбао, додека натпреварите кои требаше да се играат во Даблин, ќе се преселат во Санкт Петербург.

– Соработувавме со фудбалските федерации и локалните власти за да обезедиме сигурно и живо опкружување на натпреварите. Воодушевен сум што можам да ги поздравам навивачите на сите натпревари низ цела Европа – изјави претседателот на УЕФА, Александер Чеферин.

УЕФА исто така им се заблагодари на Даблин и Билбао за досега завршената работа и сите навивачи кои купиле влезници за натпреварите во овие два града, ќе ги добијат назад парите и ќе имаат предност при купување на нови влезници.

Четирите натпревари кои требаше да се играат во Билбао ќе бидат преместени во Севиља каде стадионот ќе биде исполнет со 30 проценти од капацитетот. Предвидено е да се одиграат три натпревари од Групата Е (Шпанија, Полска, Словачка и Шведска) и еден натпревар од осминафиналето.
Трите натпревари од групната фаза кои требаше да се одиграат во Даблин, ќе се играат во рускиот Санк Петербург, додека натпреварот од осминафиналето ќе се игра во Лондон на „Вембли“ стадионот.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот