Сораја доби подарок вреден 270.000 евра од таткото на нејзиниот син

Фото: Инстаграм/Сораја

Српската старлета Сораја неодамна роди син, а по повод 8 Март доби прилично скапо изненадување од партнерот, кој овој пат сериозно се потрудил да ја развесели.

Се работи за подарок вреден 270 000 евра, а изненадувањето го добила точно на полноќ.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Sara 🧿 (@sorajavucelic)

„Сораја целото време го поминува со бебето, па таа и нејзиниот партнер вчера не излегле никаде, но тој ја повикал во дворот. Кога излегла надвор, Сораја се шокирала кога видела огромен луксузен автомобил мерцедес пред нивната куќа. Таа била многу возбудена, дури и се расплакала поради несекојдневното внимание од нејзиниот емотивен партнер“, открил извор близок до парот, а старлетата ја потврдила информацијата дека добила возило и дека токму тоа и недостасувало, семеен автомобил.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Sara 🧿 (@sorajavucelic)

„Бев воодушевена затоа што, пред сѐ, тоа беше прекрасен гест. Автомобилот е удобен и за бебето и за мене и тоа е важно“, накратко рекла Сораја која сѐ уште го крие партнерот, а се шпекулира дека тој е богат човек од Русија, дека има 40 години и е во „лош брак“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот