Била толку убава што од кревет не станувала за помалку од 10.000 долари – Денес изгледа сосема поинаку (ФОТО)

Канадската манекенка и еден од највлијателните супермодели на 90-те години, Линда Еванџелиста, е родена на 10 мај 1965 година и денес полни 55 години.

Кога имала 16 години, оваа убавица се натпреварувала на изборот за „Miss Teen Niagara” каде не освоила ниту една награда, но „му паднала во око” на еден ловец на модели.

Линда ја открил ловец на таленти од „Elite Model Management”, а во Њујорк се преселила во 1984 година.

профимедиа

На врвот од својата кариера станала муза на фотографот Стивен Мејзел и дизајнерот Џани Версаче, како и Карл Лагерфелд. Сите нејзините соработници ја опишувале како девојка која е посветена на работата, а во текот на кариерата красела над 700 насловни страници ширум светот и заработила огромна сума на пари.

Бројни модни критичари се согласуваат дека Линда е една од најдобрите манекенки во историјата на модата, а Еванџелиста во текот на кариерата беше позната и по своите изјави, од кои не сите беа добро прифатени во јавноста.

„Можам да направам што и да посакате, сè додека не морам да зборувам”, кажала Линда во една прилика.

профимедиа

Сепак, нејзината изјава од октомври 1990 година кога рекла дека „не станува од кревет за помалку од 10.000 долари” влегла во историјата, но не по добро.

Токму тие зборови ја следеле каде и да се појави. Продолжила да работи како и претходно, но подоцна признала дека не и било лесно по таа изјава.

– Имав чувство дека тие зборови ќе ми ги изгравираат на надгробниот споменик. Во секое интервју го споменуваа тоа, а се извинив стотина пати бидејќи тоа беше само шега, изјави таа во една прилика.

Таа подоцна додаде дека најпрвин жалела за таа изјава, но дека повеќе не и е срам од неа.

За пет години од кариерата таа ја офарбала косата во 17 различни бои и нијанси, а 30 години подоцна се уште е една од најубавите жени во светот.

Откако се пензионираше, обожавателите ширум светот ја критикуваат дека таа повеќе не изгледа на себеси бидејќи во последните 5 години „накачила” повеќе од 15 килограми.

Еве како изгледа Линда Еванџелиста денес:

профимедиа
профимедиа
профимедиа

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот