Фото: Икс

Бил Клинтон, Мајкл Џексон, Мик Џегер – кој сè е дел од новообјавените документи за Џефри Епстин

Министерството за правда на САД објави илјадници нови документи поврзани со осудениот сексуален престапник Џефри Епстин. Дел од документите (најмалку 550 страници) се целосно затемнети, а останатите се делумно редактирани, вклучувајќи ги и фотографиите на јавни личности како Бил Клинтон и Мајкл Џексон, Мик Џегер, Бил Гејтс, објави Си-би-ес.

Документите вклучуваат снимки од резиденциите на Епстин, истражни записи и транскрипти од големата порота, меѓу кои и информации за обвинувањата против соработничката на Епстин, Гислен Максвел.

Министерството тврди дека редакциите се направени во согласност со Законот за транспарентност на досиејата на Епстин, со цел заштита на личните податоци на жртвите, отстранување на насилни или сексуално експлицитни материјали и заштита на активни истраги.

Сепак, објавувањето предизвика критики од дел од демократите и републиканците, кои тврдат дека многу страници се „премногу редактирани“ и дека тоа ги крши духот и законот за транспарентност.

Министерството, пак, одбива да ги прифати овие критики, нагласувајќи дека документите се прегледувани од повеќе од 200 адвокати за да се заштитат личните податоци на жртвите.

Објавувањето следи по неколкумесечни политички судири и бунт од дел од најлојалните поддржувачи на претседателот Доналд Трамп, незадоволни од одбивањето на неговата администрација јавно да ги обелодени сите досиеја поврзани со истрагите за Епстин.

Објавени се многу нови документи за Џефри Епстин – што ќе откријат за злогласниот сексуален предатор?

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот