Бил Гејтс: Малку земји ќе го положат тестот за коронавирусот со оценка 5, САД не е меѓу нив

Никогаш нема точно да знаеме како Бил Гејтс, заедно со група медицински експерти, го предвиде доаѓањето на пандемијата во 2020 година, уште пред неколку години, но едно е сигурно – тоа се случи.

Со оглед на тоа дека станува збор за „човек од наука“, многумина повеќе му веруваат нему во однос дека подобро се снаоѓа со анализите и светската историја, циклусите на повторување и проучување на еболата и слични епидемии, како и дека има посебно развиени, надчовечки вештини за детектирање на Ковид – 19. Проблемот е во тоа што никој не го слушаше.

Во 2015 година, кога говореше за потенцијален вирус кој ќе го разори светот, никој, не сфати зошто тогаш беше важно повеќе да се вложува, пред се во здравствениот систем, во вакцини, лекови, тестови. Сега гледаме дека големите економии може да имаат слаб здравствен систем и дека не сме ја сфатиле доволно природата.

Од една страна се занимававме со човечкиот напредок, технологија и машини, а од друга страна со глобалното затоплување, додека пандемијата најде начин како да ни се сокрие од видокругот.

– Не вложувавме, а тоа беше моја цел. Да вложивме во „CEPI“ (Coalition for Epidemic Preparedness Innovations) во 2016 година, што помогна во некои платформи за вакцини, но тоа не беше ни 5 отсто од она што можевме да направиме, вели Гејтс.

Во изјава за „Би Би Си“ вели дека само неколку земји ќе добијат оценка 5 за снаодливоста околу пандемијата со корона вирусот, но дека генерално потфрливме во контекст на здравствените и економските политики.

– САД ја пропуштија приликата да го спречат пропаѓањето на економијата, бидејќи не реагираа доволно брзо. Првите чекори земјата требаше да ги направи уште во јануари, вели Гејтс.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот