Бил Гејтс е очаен: Ја допрев најниската точка во мојот живот

Бил Гејтс / Фото: EPA-EFE/FRANCK ROBICHON

Бил Гејтс зборуваше за неговиот развод со сопругата Мелинда, нарекувајќи го „еден од најтешките периоди во неговиот живот и еден од неговите најголеми лични порази во последните неколку години“.

Тој додаде дека ни изминатата година не му била лесна.

„Со смртта на татко ми и разводот од сопругата ги допрев најниските точки во мојот личен живот во последните неколку години. Мелинда и јас продолживме да ја водиме нашата организација заедно, па најдовме нов работен ритам со кој сме задоволни. Но, не можам да негирам дека ова беше година на голема тага за мене“, напиша Гејтс на својот блог.

epa-efe
Бил и Мелинда Гејтс во 2017 година / Фото: EPA-EFE/JULIEN DE ROSA

Неговиот татко почина во септември 2020 година на 94-годишна возраст, а следната година се разведе од Мелинда.

Таа и Бил го финализираа разводот во август 2021 година, по 27 години брак, само три месеци откако објавија дека се разделуваат.

„После многу размислување и многу работа на нашата врска, донесовме одлука да се разведеме“, рекоа тогаш во заедничката изјава.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот