БИБЛ нуди две места за македонски екипи

Раководството на Балканската кошаркарска лига испрати писмо со намери до Кошаркарската федерација на С. Македонија во кое се нуди можност за натпреварување на две македонски екипи за сезоната 2020/2021 година.

Пред да биде завршена сезоната 2019/2020, во БИБЛ лигата веруваат дека следната ќе се реализира натпреварување со најмалку по два клуба-учесници од земјите во нашето опкружение.

Освен до КФСМ, исти такви покани стигнаа и до националните федерации на Албанија, Бугарија, Косово, Црна Гора, а постои можност во лигата да биде вклучена и некоја екипа од други земји на Балканот.

Во зависност од бројот на пријавените екипи, БИБЛ предвидува формат за играње со осум, односно со 10 или 12 клубови учесници.

Лигата 2020/2021 би стартувала на 20 октомври, а би била завршена со финален турнир во период од 16 до 18 април 2021 година.

Македонија е редовен учесник и со големи успеси во БИБЛ лигата, Работнички беше финалист во првото издание на ова регионално натпреварувањето, додека екипите на Николферт и на Блокотехна имаат по една шампионска титула.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот