БИБЛ: Израелскиот Галил Елион пресилен за Навико Академија ФМП

навикоа ФМП Академија го претрпе првиот пораз во балканското кошаркарско натпреварување/Фото: balkanleague.net

Македонскиот кошаркарски клуб Навико Академија ФМП го забележаа првиот пораз во балканското кошаркарско натпреварување од Галил Елион со 82:102.

Нашиот претставник беше рамноправен ривал во првите 10 минути од играта. Во првата четвртина домашните кошаркари имаа минимална предност од 20:19.

Во вторите 10 минути Израелците започнаа да го демонстрираат својот квалитет . Фаворизираниот противник заигра многу подобро, особено во фазата на нападот, реализираше дури 34 поени, за двоцифрено водство на паузата од 42:53.

Во уште посилно темпо продолжија гостинските играчи, во третиот период ја обезбедија разликата која им беше доволна за мирен финиш. Стигнаа до уште поголеми 54:79, па останатиот дел од мечот беше рутинско одработување на работите на паркетот. Во завршницата делница екипата од Кисела Вода беше подобра (28:23), само доволно колку да се ублажи поразот.

Били Ајви со 19 поени беше прв стрелец во поразените редови, Крстајиќ уфрли 16, а двоцифрен број на кошеви имаа уште Оливер Двојаковски (13) и Лука Стојановски (12). За Израелците доминираше Мошкович со 17 поени.

Моментно во групата „А“ води Хапоел Галил Елион со четири бодови, ФМП Академија три, по еден Куманово и Балкан, а без бодови Лукоил Левски и Макаби Хаифа. Следен ривал на Навико Академија ФМП повторно ќе игра со израелска екипа, на 30 ноември гостува кај Макаби во Хаифа.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот