фото: скриншот

Би-би-си ја демантира советничката на Вучиќ: Никогаш не измислуваме вести, а таа никогаш не била вработена кај нас

Работела како фриленсер, последен пат за британскиот јавен сервис во 2012 година, вели портпаролот на Би-Би-Си.

Портпаролот на Би-би-си, британскиот јавен сервис за кој советничката за медиуми на српскиот претседател Александар Вучиќ, Сузана Васиљевиќ изјави дека работела и „измислувала вести“, објави дека Васиљевиќ никогаш не била вработена таму, објави Н1.

Васиљевиќ гостуваше на еден телевизиски канал, зборувајќи на тема како да се спречи ширењето на дезинформации, и на изненадување на присутните, таа призна дека во 2000 година, кога работела како новинарка за Би-би-си, измислиле војна во Црна Гора за да бидат на Свети Стефан три месеци.

„Едно време бевме во Би-би-си, измисливме приказни за да… Ја измисливме војната во Црна Гора, односно можноста Милошевиќ да нападне во 2000 година, пред неговите последни избори, да ја нападне Црна Гора, т.е. Мило Ѓукановиќ затоа што Мило му го сврте грбот, само за да бидеме на Свети Стефан три месеци“, рече Васиљевиќ.

Во одговор на N1, од Би-би-си вели дека не знаат за што станува збор.

„Не го признаваме тоа упатување на нашето известување. Би-би-си е најдоверливата медиумска служба во светот и ние сме посветени на точно, независно и непристрасно известување за публиката ширум светот“, соопшти компанијата.

Тие нагласуваат дека Васиљевиќ никогаш не била вработена во Би-би-си, туку дека работела како фриленсер, последен пат за британскиот јавен сервис во 2012 година.

 

Советничката за медиуми на Вучиќ измислувала вести за можна војна за да оди на одмор во Црна Гора

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот