Би-би-си најави судска битка против Трамп по неговата тужба за клевета
Британската телевизија Би-би-си денеска објави дека ќе се бори на суд против тужбата поднесена од американскиот претседател Доналд Трамп за монтирани извадоци од говорот на кои се чини дека тој им наредува на своите поддржувачи да го нападнат американскиот Капитол на 6 јануари 2021 година, објави телевизијата.
Препорачано
„Како што јасно ставивме до знаење во минатото, ние ќе го браниме овој случај. Нема да даваме понатамошни коментари за тековните судски постапки“, изјави портпаролот на Би-би-си.
Американскиот претседател поднесе тужба за клевета во понеделникот, барајќи отштета од најмалку 5 милијарди долари.
Републиканскиот тајкун со тоа отвора, за прв пат, меѓународен фронт во својот конфликт со медиумите чие известување го смета за лажно или пристрасно против него.
Би-би-си веќе јавно му се извини на американскиот претседател, призна дека направила грешка во проценката и призна дека монтажата создала лажен впечаток дека тој директно повикал на насилство. Сепак, додаде дека не верува оти постои законска основа за тужба против него.
Би-би-си се финансира преку задолжителна такса за гледаност, за која адвокатите во Велика Британија забележуваат дека секоја исплата на компензација на републиканскиот тајкун би била многу тешка од политичка перспектива, покрај финансиската.
Генералниот директор на Би-Би-Си поднесе оставка поради документарец за Трамп


