Генералниот директор на Би-Би-Си поднесе оставка поради документарец за Трамп

Тим Деви, генералниот директор на Би-би-си, и Дебора Тернс, извршната директорка на Би-би-си Њуз, поднесоа оставки поради монтажа на говорот на американскиот претседател Доналд Трамп.

Контроверзијата се појави откако Дејли Телеграф објави детали од протечен интерен меморандум на Би-би-си, во кој се наведува дека за потребите на емисијата „Панорама“ a два различни дела од говорите на Трамп биле споени за да изгледа како да го поттикнува немирот на Капитол Хил во јануари 2021 година.

„Направени се неколку грешки и како генералниот директор морам да ја преземам крајната одговорност“, изјави Деви во соопштението за оставка.

Протечениот документ го објави Мајкл Прескот, поранешен независен надворешен советник на Одборот за уредувачки стандарди на Би-би-си, кој ја напушти функцијата во јуни.

Оставката на Деви по пет години на позицијата дојде по серија контроверзии околу Би-би-си во последните месеци, вклучувајќи и извештај за музичкиот фестивал во Гластонбери.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот