Безбедностата камера „улови“ воспитувачка која усмрти бебе кое плаче (ВИДЕО)

Полицијата во Украина ја испитува сомнителната смрт на едногодишно девојче што се случила на 29 мај во една нелегална градинка во градот Запорожје. Учителката им се јавила на родителите на малата Олесија кратко време откако ја оставиле во градинката и им рекла дека ја ставила да спие и дека девојчето престанало да дише.

Како што пренесуваат локалните медиуми, девојчето околу 9 часот било оставено во градинката, а возило на Брза помош пристигнало во 10.45 часот, кои констатирале смрт на детето. Точниот сплет на настани кои се случиле тој ден сè уште не се утврден, но истрагата покажа дека воспитувачката го задушила детето затоа што тоа плачело.

Имено, девојчето претходно било каснато на ногата од друго дете додека се расправале за играчка.

Девојчето плачело поради тоа што било каснато, а на снимката се гледа како воспитувачката ја подигнува на креветот и ја прегледува раната на ногата, а потоа и врзува сунѓер со марама околу лицето, иако детето и понатуму е видно вознемирено.

Се верува дека девојчето имало проблем да дојде до воздух, во паника почнало да повраќа, а потоа да лачи секрети од желудникот во белите дробови, бидејќи немало како да ги исфрли поради  сунѓерот кој и бил ставен преку устата.

Набрзо после тоа, воспитувачката ја пронашла мртва, но свесна дека камерите ќе покажат што и претходело на оваа трагедија, самата земала да ја брише снимката. Сепак, не го избришала клучното видео на кое се гледа како детето го врзува околу вратот со сунѓер.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот